Во недела, на 9 јуни 2024 година, во Нило-столобенската пустина се одржаа свечености по повод наоѓањето на моштите на преподобниот Нил Столобенски чудотворец. Претходната вечер во манастирот беше отслужена мала вечерна служба со акатист на Свети Нил и празнично сеноќно бдение.
Света Литургија во Богојавленскиот храм во Нило-Столобенската пустина, служеа Високопреосвештените Митрополити: Будимпештанско-унгарски Иларион, Кемеровски и Прокопевски Аристарх, Тверски и кашински Амвросиј од Руската православна црква, и Црногорско-приморски Јоаникиј од Српската православна црква. На архијереите им сослужуваа свештеници од Руската и Српската православна црква.
За време на светата богослужба пееше младинскиот хор на Тверската епархија, а на празничната богослужба присуствуваа и игуманиите на манастирите од Тверската епархија, како и бројни гости и поклоници.
По заамвоната молитва, литија со моштите на свети Нил Столобенски го обиколи манастирот, а за време на литијата беше отслужен помен за обновувачот на монашкиот живот на островот Столобно, архимандритот Васијан (Шуст) и за упокоените жители на манастирот.
На крајот, беше осветена иконата на столобенските маченици Виталиј, Павле, Дионисиј и Владимир. Митрополитот Амвросиј ја прочита молитвата за осветување на новата икона, а митрополитите Иларион, Јоаникиј и Аристарх ја покропија иконата со осветена вода. Митрополитот Будимпештанско-унгарски Иларион прочита молитва кон Свети Нил, а архијереите и свештенството се поклонија на неговите свети мошти.