Руската православна задгранична црква ги расчини свештениците кои ја променија црковната јурисдикција без канонски отпуст од нивниот надлежен епископ

Фотографија: slavonic.org

На седницата на Светиот архијерејски синод на Руската православна задгранична црква (РПЗЦ), која се одржа на 21 февруари / 5 март, во седиштето на Синодот, во Њујорк, беше разгледана одлуката на Духовниот суд на Источноамериканската епархија на РПЗЦ, во врска со дејствијата на игуменот Тихон (Гајфудинов), протопрезвитерите Андреј Пастух и Едвард Червински, и на протоѓаконот Владимир Олињик кои внесоа смут црковниот живот на парохиите во оваа епархија.

Откако сеопфатно беа разгледани и одлуката и околностите кај секој од овие случаи посебно, вклучително и дејствијата извршени од сите четворица, а кои беа причина за соблазна и за свештенството и за паствата, до точка на заминување под омофорот на друга јурисдикција без отпуст од нивниот надлежен епископ, со скрб, Светиот архијерејски синод на РПЗЦ ја усвои следната резолуција, пренесена тука во скратен вид:

Се потврдува одлуката на Духовниот суд на Источноамериканската епархија во врска враќањето во редот на лаиците на поранешните: игумен Тихон (Гајфудинов), протопрезвитери Андреј Пастух и Едвард Червински, и протоѓакон Владимир Олињик.

Минатата година игуменот Тихон (Гајфудинов), без канонски отпуст од неговиот надлежен архијереј, замина од РПЗЦ се приклучи на Словенскиот викаријат на Цариградската патријаршија во Америка, каде што беше примен од Архиепископот Елпидофор, поглавар на Грчката православна архиепископија на Америка (ГПАА), под чие покровителство функционира Викаријатот.

Викаријатот е создаден во 2020 година како засолниште за Александар Беља, поранешен архимандрит на РПЗЦ кој беше расчинет од страна на РПЗЦ откако ја напушти јурисдикцијата без канонски отпуст, а како што известуваат изворите, тој тоа го направил во знак на протест поради тоа што не бил избран за епископија. ГПАА се обиде да го ракоположи Беља епископ, но архијереите од другите јурисдикции гласно протестираа против таквата одлука, па заради тоа, таа сè уште не е спроведена.

Извор: https://eadiocese.org/news_240423_1 , https://orthochristian.com/153033.html