Фотографија: ekklisiaonline.gr
На 13 мај 2024 година, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул, се одржа првата седница на мешовитата комисија на Цариградската патријаршија и на Црквата на Грција во врска со општествениот проблем на трговија со луѓе. На седницата заедно претседаваа Архиепископот Тијатирски и на Велика Британија Никита (од Цариградската патријаршија) и Митрополиот Илијски, Ахарнански и Петруполски Атинагора (од Црквата на Грција).
На почетокот од заседанието, претседавачите ја опишаа првичната цел на комисијата, нагласувајќи го значењето од наобразба на клириците со цел лоцирање на жртвите, и развивање на чувствителноста на општеството во врска со трагичната реалност на ропството и на трговијата со луѓе. Исто така, беше нагласено препознавањето на различни сегменти од ропството и од трговијата со луѓе, со нагласок на потребата од интегрално разбирање и на други облици (покрај сексуалната трговија), како што се: работната експлоатација, трговијата со органи, киднапирањето деца и домашното ропство.
Мешовитата комисија предложи организирање на семинари и конференции во Атина, во Солун, во Патра, на Крит и на Додеканиса, со цел наобразба на клириците, на просветните работници, на родителите и на политичарите во врска со лоцирањето и со борбата против ропството и трговијата со луѓе. Исто така, беше предложена и заедничка обиколка, со цел информирање на полнотата на Црквата во врска со овој проблем. Таа обиколка ќе содржи редица семинари во тек на Велигденскиот пост идната година.
Со цел да ги започне овие инцијативи, комисијата предложи организирање на три конференции. Почетната конференција може да се свика во Атина, и ќе им понуди електронска платформа на жртвите од трговијата со луѓе, па да можат да ги споделат своите искуства.
Основна богословска оска на дискусиите на комисијата беше смислата на ропството како резултат на гревот, и ослободувањето од него преку пораката на Христовото Воскресение.
Извор: https://www.ekklisiaonline.gr/nea/synantisi-miktis-epitropis-gia-tin-emporia-anthropon-sto-fanari/