Тајландско издание на канонот од св. Андреј Критски

Тајландската епархија на Патријаршискиот Егзархат за Југоисточна Азија (на Руската православна црква) издаде целосен превод, на тајландски јазик, на Великиот покаен канон од св. Андреј Критски. Преводот е изработен од епархискиот мисионерско-издавачки оддел, со благослов на Сингапурскиот и Југоисточноазиски митрополит Сергеј, кој привремено управува со Тајландската епархија.

Изданието е отпечатено во два формата (А4 и А5), со двобоен декор. Пред почетокот на Великиот пост, по налог на епархискиот секретар, архимандрит Олег Черепанин, книгите им се подарени на тајландските свештеници.

Извор: https://dioceseofthailand.org/2024/03/18/издан-полный-перевод-великого-покаян/