Фотографија: orthodoxianewsagency.gr
Економскиот форум Делфи е основан во 2016 година, и има за цел да придонесе за економскиот развој на Грција. Претходните години, во неколку наврати, Црквата на Грција зеде учество во овој форум, вклучително и во лицето на самиот Архиепископ Атински г.г. Јероним.
Оваа година, на 9-тиот форум, учествуваа неколку архијереи од Црквата на Грција и од Цариградската Патријаршија, и еден светогорски игумен. Станува збор за Митрополитот Халкидонски г. Емануил од Цариградската Патријаршија, и Митрополитите Навпактски и на Свети Влас г. Јеротеј и Месиниски г. Хризостом од Црквата на Грција, и за игуменот на светогорскиот манастир Симонопетра, Архимандритот Елисеј.
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Месиниски г. Хризостом ја изложи темата: „Теологијата на личноста“ во делот на форумот со наслов „Живеење со минатото, разбирање на сегашноста, обраќање кон иднината“.
Високопреосвештениот Митрополит г. Јеротеј разговараше со директорката на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, г-ѓа Флора Карагианис и професорот по археологија и историја на уметност на Аристотеловиот универзитетот во Солун, г-дин Атанасиос Семоглу, на тема: „Вселенска Византија – предизвик на соживот“.
Халкидонскиот Митрополит г. Емануил учествуваше на сесијата на тема „Верска дипломатија“, каде што го изложи православниот поглед на ова прашање. Притоа, тој се осврна и на иницијативата на Царигреадската патријаршија за заштита на животната средина, како и доделувањето на автокефалност на Црквата на Украина. Во сесијата учествуваа истакнати говорници, вклучувајќи ја професорката Елизабет Продрому од Бостонскиот колеџ, Константинос Александрис од Европската служба за надворешни работи, истакнатиот грчки дипломат Анастасиос Криекукис и професоротот по црковна историја на Универзитетот во Атина, Јоанис Панајотопулос. Заедно, тие ги истражуваа вкрстувањата на верата и политиката, истакнувајќи ја клучната важност на религиозните погледи на светската сцена.
Игуменот на Симонопетра, Архимандритот Елисеј говореше во делот „Света Гора: уникатност, културно наследство и животна средина“, и истакна дека: „Напреднавме во соработка со телата на грчката држава“.