Во четврток, 11 април 2024 година, беше одржана седница на Светиот Синод на Ерусалимската Патријаршија, со која претседаваше Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил.
Меѓу другото, на седницата се разговараше и за состојбата во Газа и во манастирот Свети Порфириј низ призмата на болните настани, а Неговото Блаженство говореше за улогата што ја одигра таму Патријаршијата, и покрај тешките услови.
Беше разгледан и извештајот на Високопреосвештениот Архиепископ Антидониски г. Нектариј, претставник на Ерусалимската Патријаршијата во Константинопол, во врска со поправките и реставрацијата во различни манастири и поклонички центри на Ерусалимската патријаршија во Константинол.
Неговото Блаженство ја истакна важноста на пастирската улога на свештенството и нивната духовна одговорност кон паството, во услови на тешки времиња и околности.
Тој им укажа на отците на Светиот синод, а преку нив на целото свештенство на Ерусалимската патријаршија, дека треба да работат со грижа за душите на верниците, во дух на одговорност и жива ревност, и да практикуваат дејствителна љубов, која навистина ја гради Црквата и ги има за цел нејзиното обновување и зачувувањето на единството меѓу членовите на Телото Христово.
На крај, Неговото Блаженство и Отците на Светиот Синод упатија молитви и прозби до милостивиот Бог, да го дарува Својот мир во Светата земја и да ги зацврсти душите на верните преку благодатта на Светиот Дух.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/%ce%b1%cf%80%ce%bf%cf%86%ce%b1%cf%83%ce%b5%ce%b9%cf%83-%cf%84%ce%b7%cf%83-%ce%b1%ce%b3%ce%b9%ce%b1%cf%83-%ce%ba%ce%b1%ce%b9-%ce%b9%ce%b5%cf%81%ce%b1%cf%83-%cf%83%cf%85%ce%bd%ce%bf%ce%b4%ce%bf%cf%85-31/