На 6 април 2024 година беше направен обид за заземање на црквата Свети Никола во с. Западинци во Хмелницката област кој ѝ припаѓа на Украинската православна црква (УПЦ). Храбрите парохјанки успеаја да им се спротивстават на локалните активисти предводени од началникот на селото, Константин Валентина, свештенството на Православната црква на Украина (ПЦУ, чија автокефалија е призната од Цариградската патријаршија) и луѓе во воена униформа. Видео од местото на настанот беше објавено на Телеграм каналот на Хмелницката епархија.
Претставниците на ПЦУ направија обид да го заземат храмот во присуство на полиција. Храбрите парохјанки клекнаа пред вратата на храмот, па и покрај навредите и заканите не им дозволија на напаѓачите да влезат во него.
„Има полиција“, им рече свештеникот од ПЦУ, укажувајќи на службениците за спроведување на законот, во обид да влезе во православниот храм.
„Нека има полицијата, прегазете ме и можете да влезете. Искорнете ми ги нозете, сечете ме, нема да заминам одовде“, одговараа жените.
Хмелницката епархија на УПЦ ги негираше информациите за наводно преминување на 300 храмови во ПЦУ.