Велики четврток во Ерусалимската патријаршија

На Велики четврток, Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, отслужи Божествена Литургија, во храмот на Христовото Воскресение, во светиот град Ерусалим.

По Литургијата, во дворот на овој храм, Патријархот го изврши „чинот на миење нозе“. Основата на ова чинодејствие лежи во миењето на нозете на апостолите, што го направил Господ Исус Христос непосредно пред Неговото доброволно страдање за живот и за спасение на човечкиот род. Во спомен на тој чин, Патријархот им ги изми нозете на 12 свештенослужители на Ерусалимската патријаршија.

На крајот Патријахот приреди прием во просториите на Ерусалимската Патријаршија.

Извор: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=JerusalemPatriarchate&set=a.839336978219967