На 7 мај 2024 година, на Запорошкиот и Мелитополски митрополит Лука (од Украинската православна црква) му беше одреден ноќен домашен притвор, во траење од два месеци. Нему му се забранува да го напушта местото на живеење, во Запорожје, од 22:00 до 6:00 часот. Исклучок може да се направи само во случај на објавена воздушна опасност или за укажувае на неопходна медицинска помош.
Митрополитот Лука е должен да се појави пред иследникот, обвинителот и истражниот судија, секогаш кога ќе биде повикан. Исто така, нему му се забранува да патува надвор од градот Запорожје без одлука на иследникот. Пасошот му е привремено одземен, а треба да се воздржува и од комуникација со сведоците, кои се поврзани со обвинителниот акт. Меѓу нив спаѓаат и следачите на телеграм-каналот лекар.zp. За време на оваа мерка, Митрополитот треба да носи електронски апарат за контрола.
Извор: https://spzh.live/ru/news/80080-mitropolitu-luke-izbrali-meru-presechenija