Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г.г. Кирил

До Неговата Светост
Патријарх Московски и на цела Русија
г. г. Кирил

Ваша Светост

Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва каде животот го загубија многу невини луѓе помеѓу кои и деца.

Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување.

Ваш во Христа брат и сомолитвеник,

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г. г. СТЕФАН