Неделата на Православието во Грција – без присуство на политичкиот врв

Денес, недела, 24 март 2024 година, Грчката црква ја прослави Неделата на Православието во манастирот на Бестелесните сили – Петраки.

Во Соборниот храм на Архангелите се одржа Божествена Литургија која ја служеа членовите на Синодот на Грчката Црква. Началствуваше Високопреосвештениот Митрополитот Никополски г. Хризостом, во сослужение со Митрополитите Пантелејмон Маронски и Теоклит Јерисоски.

Молитвено беа присутни Неговото Блаженство Архиепископот Атински и на цела Грција г.г. Јероним и останатите Митрополити од Светиот Синод на Црквата на Грција.

По завршувањето на Божествената Литургија, следеше литија со светите икони во манастирот Петраки.

Пред отпустот на Божествената Литургија беше прочитан „Синодиконот на Православието“ во спомен на настанот на востановувањето на светите икони.

Треба да се напомене дека овогодинешната прослава, според одлуката на Светиот Синод (за која веќе известивме), се одржа без претставници на политичкиот врв на земјата, меѓу кои и претседателката на Републиката, Катерина Сакеларопулу, заради нивната поддршка за усвојувањето на нацрт-законот за легализирањето на бракот на истополови двојки.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/62287-i-kyriaki-tis-orthodoksias-stin-i-m-asomaton-petraki