На 28.01.2024 година, Недела 34-та по Педесетница и кога Светата Православна Црква прави спомен на Преподобниот Гаврил Лесновски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Преосвештениот Епископ Врањски г. Пахомиј, Архиереј на СПЦ, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско – осоговски г. Григориј, Високопреподобниот Архимандрит на манастирот Св. Прохор Пчињски, отец Методиј, протосингелот отец Исак и свештенослужители од Кумановско – осоговската и Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во Лесновската Света Обител. На крајот од Литургијата пригодна беседа произнесе Митрополитот г. Григориј, а по завршувањето на Литургијата, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.