Во грчкиот парламент е изгласан законот со кој се дозволува брак и посвојување на деца на истополови двојки

На пленарната седница на Собранието на Грција доцна синоќа заврши гласањето за нацрт-законот кој меѓу другото се однесува на бракот на истополови двојки и нивното посвојување деца, кој начелно беше изгласан и покрај разновидните реакции дури и од членовите на Владата.

Што се однесува до владејачката фракција, дваесет пратеници на „Нова демократија“ гласаа „против“, 107 гласаа „за“, а 31 беа воздржани.

Веднаш по усвојувањето на нацрт-законот за бракот и посвојување на деца на истополови двојки, премиерот Киријакос Мицотакис го направи своето прво обраќање, велејќи:

„Денес Грција станува 16-та земја на ЕУ која ја озаконува еднаквоста на бракот. Горди сме затоа што нацрт-законот за коа гласавме претставува обележје за човековите права и ја одразува денешна Грција: прогресивна, демократска земја, посветена на европските вредности“.

Треба да се каже дека со интерес ја очекуваме конечната реакција на Црквата, бидејќи гласањето беше со име и презиме, и на располагање ги имаат имињата на пратениците што гласале.

Треба да се наведе дека за време на Светиот Архијерејски Собор на Црквата на Грција, многумина архијереи изјавија дека оние кои ќе гласаат за овој нацрт-закон се ставаат себеси надвор од Црквата.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/61720-psifistike-to-nomosxedio-gia-ta-omofyla-zevgaria-i-lista-ton-voulefton