Архијерејско сослужување во Софија

На 23 февруари, според новиот календар, се прославува споменот на светиот маченик Поликарп, епископ Смирнски, кој е небесен покровител на Неговото Преосвештенство епископот Белоградчишки г. Поликарп, викар на Софискиот митрополит.

По тој повод, во митрополитскиот соборен храм „Св. „Недела“ беше отслужена Архијерејска Света Литургија, на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Макариј, Митрополит на Сидерокастро од Црквата на Грција. Нему му сослужуваа Високопреосвештените Митрополити Кукушкиот г. Вартоломеј и Коринтскиот г. Дионисиј од Црквата на Грција, и Преосвештените Епископи Белоградчишкиот г. Поликарп и Велбушкиот г. Исак, викари на Неговата Светост Митрополитот Софиски и Бугарски Патријарх г.г. Неофит. Заедно со архијереите, на Божествената Литургија служеа свештенослужители од Црквата на Грција, Бугарската Православна Црква и од Света Гора.

Верниот народ имаше можност да се поклони на парче од моштите на Светиот маченик Поликарп.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/saborna-arhiereyska-liturgia-v-chest-na-sv-polikarp-episkop