Фотографија: orthodoxianewsagency.gr
„Апостолики диаконија“, издавачката куќа на Црквата на Грција, чиј раководител е Митрополитот Фанарски г. Агатангел, по барање на Епископот на Букоба и Западна Танзанија г. Хризостом, од Александриската Патријаршија, објави нови изданија на јазикот свахили.
Се работи за Служебник, во тврд повез, и за книги кои се користат од страна на певницата во текот на богослужбите.
Истата епархија на Александриската Патријаршија веќе има издадено повеќе книги на свахили: Свето Писмо, молитвеници, служебници и други изданија кои се потребни во мисионерската дејност.