Софиската митрополија на Бугарската православна црква започна со издавање на богослужбената книга „Требник“, во нов формат. Книгата ќе биде поделена на шест делови, за да им биде попрактично на свештенослужителите.
Првиот дел од Требникот излезе од печат. Во него се содржат: молитвословијата, поврзани со породувањето, и чинот на светото Крштение. Изданието е двојазично, на бугарски и на црковнословенски јазик. Форматот на книгата е А6.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/izleze-ot-pechat-parvata-chast-na-trebnik-krashtenie