Канцеларијата на Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава (поглавар на Полската православна црква) соопшти дека претседателот на Полска, Андреј Дуда, ќе земе учество во одбележувањето на 100-годишнината од автокефалноста на Полската православна црква.
Манифестациите, по повод јубилејот, ќе се одвиваат под почесно покровителство на полскиот претседател. Сите информациски и рекламни материјали, поврзани со јубилејот, ќе го содржат логото на претседателот на државата.
Извор: https://www.orthodox.pl/patronat-honorowy-prezydenta-rp/