Ерусалимската патријаршија ги осудува израелските воздушни напади насочени кон хуманитарните институции во Газа
Православната Ерусалимска Патријаршија го изразува своето најсилно осудување на израелските воздушни напади кои го погодија нејзиниот црковен комплекс во градот Газа.
Патријаршијата истакнува дека нападот врз црквата и нејзините институции, вклучително и засолништата кои тие ги обезбедуваат за да ги заштитат невините цивили, особено децата и жените кои ги изгубија своите домови заради израелските воздушни напади на цивилните населби, во текот на изминатите тринаесет денови, претставува воено злосторство што не може да биде игнорирано.
И покрај тоа што очигледната цел се објектите и засолништата на Православната Ерусалимска Патријаршија, и останатите цркви – вклучително и болницата на Епископатската црква на Ерусалим, останатите школи и социјални институции – Патријаршијата, заедно со останатите цркви, останува посветена на исполнувањето на нејзината верска и морална должност во овозможување на помош, поддршка и засолниште на оние кои имаат потреба, среде постојаните израелски барања да се евакуираат цивилите од тие институции и големиот притисок врз црквите во овој поглед.
Патријаршијата нагласува дека нема да ги напушти своите верски и хуманитарни должности, вкоренети во христијанските вредности, да обезбеди сè што е потребно подеднакво и во време на војна, и во мирнодобски услови.