Училиштето „Бугарија“ во Детроит (САД) постои од 2010 година. Меѓу основачите на ова училиште е госпоѓа Даниела Начева. Таа накратко раскажа за дејноста на училиштето, велејќи:
„Започнавме со неколку дечиња (од нив три беа моите деца). Според мене, важно е да го зачуваме бугарскиот јазик, дури и ако сме далеку од татковината. Од 2006 година сум уредник на електронското издание ’Бугарите во Детроит’, со кое ја информираме бугарската јавност за настаните во регионот, претставуваме различни семејства, и меѓусебно си помагаме. Во оваа учебна година имаме шеесет ученици, кои се на возраст од 3 до 16 години. Многупати сме поканувале свештеник, за отварање на учебната година и за божикната прослава, но сѐ повеќе ја чувствуваме потребата од православно христијанско образование, за децата и за родителите. Времето за тоа дојде откако се запознав со учебниците на Светиот Синод (благодарение на нивното доставување во Детроит, па добив согласност од родителите и благослов од Неговото високопреосвештенство, Митрополитот на САД, Канада и Австралија Јосиф (од Бугарската православна црква). На почетокот од месец февруари (2024 г.), заедно со десет деца, се впуштивме во патешествието на верата. Многу од зборовите им се непознати на децата и тешки за изговарање, но на тој начин тие се развиваат и напредуваат во познавањето и владеењето на бугарскиот јазик и на православната терминологија. Научивме што е добро дело, научивме да се крстиме и да ја читаме Господовата молитва. Со нетрпение ги очекувам часовите по православно христијанство, кои мене и на децата ни помагаат да станеме ’посилни во верата и подобри во срцата’ (според зборовите на Светејшиот Патријарх бугарски Неофит, кажани во воведот на учебникот за 1 клас).“
Културно-просветниот оддел на Светиот Синод им е на располагање на сите бугарски училишта во странство – за методичка подршка и за секаква соработка во развивањето на нивната просветна, воспитна и патриотска мисија помеѓу децата од бугарско потекло, кои живеат надвор од границите на Бугарија.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/s-pomoshtta-na-sinodalnite-uchebnitsi-po-pravoslavie-v-balga