На покана на Митрополитот Доростолски г. Јаков од Бугарската православна црква, на 30.11.2023 година, кога го прославуваме Светиот апостол Андреј Првоповикан, Неговото Високопреосвештво Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј сослужуваше на Божествената литургија во катедралниот храм на Светите апостоли Петар и Павле во Силистра, Р. Бугарија.
На литургијата сослужуваа и Високопреосвештениот Митрополит Русенски г. Наум и Митрополитот Јосиф.
Митрополитот г. Григориј срдечно му се заблагодари на Неговото Високопреосвештво Митрополитот г.Јаков за братската покана заедно да го прослават Светиот апостол Андреј Првоповикан, а Митрополитот г. Јаков во знак на благодарност и молитвен спомен за целиот Македонски народ, му подари честица од моштите на Светиот апостолот Андреј.