На 24 април годинава, во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот струмички г. Наум со неговиот викарен епископ г. Јаков одржа свештеничко собрание.
Со свештениците на струмичката епархија разговараше за предизвиците и искушенијата на православните христијани и правилно надминување на истите согласно светоотечкиот опит и предание како и неопходноста од личен опит на пастирот на Црквата за да биде автентичен духовен раководител во животот на своите духовни чеда.