Синодскиот оддел за односи на Црквата со јавноста и со медиумите на Руската православна црква издаде соопштение во врска со притворањето на игуменот на Свјатогорската Лавра Успение Богородично, Митрополитот Свјатогорски г. Арсениј, од Украинската православна црква (за што веќе известивме). Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост.
Продолжувајќи ја незаконската политика на прогон на верниците на Украинската православна црква, украинските специјални служби извршија уште еден чин на заплашување – под изговор што дури и многу украински јавни личности го сметаат за фиктивен – беше приведен игуменот на Свјатогорската Лавра Успение Богородично, Митрополитот Арсениј.
Свјатогорската лавра, манастир кој во повеќе наврати служеше како засолниште за локалните жители кои пострадаа за време на конфликтот, кој неспорно извршува хуманитарна функција, според извештаите на украинските медиуми, е блокиран од претставници на Украинските безбедносните сили.
Обрнуваме внимание на овој нов, во низата, случај на нарушување на верската слобода од страна на украинската држава и ги повикуваме меѓународните организации за човекови права да ги преземат неопходните мерки за документирање на ова нарушување на правото.
Нагласуваме дека кршењето на правата на верниците на Украинската православна црква стана широко распространето и неприкриено, а жртвите се свештенството и верниците, чија единствена вина е тоа што не сакаат да ѝ се приклучат на квази-религиската структура наречена Православна црква на Украина, создадена од украинската држава со поддршка на Цариградската патријаршија.