Свети Георгиј Кратовски прославен и во Американско-канадската епархија

Со благослов од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-Канадски г. Методиј, на 24 февруари 2024 лето Господово, во Македонската Православна Црква „Св. Вмч Георгиј Кратовски“, во Фармингтон Хилс, Мичиген, САД, се отслужи Светa Литургиja, по повод Храмовата Слава, со молитвено присуство на надлежниот Митрополит г. Методиј, во сослужение на Архиерејскиот намесник протоереј Драган Јорданов, парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски и свештеникот од Српската Православна Црква во Детроит, отец Звонко Костиќ.

Бројниот народ се причести со Светите Тајни Христови, по што следеше, прекршување на Славскиот колач и Славски ручек, подготвени од овогодинешните кумови на Црквата, Јовица и Лолита Стојановски.

Моштите на Св. Вмч. Георгиј Кратовски, беа  изложени за поклонение на верниот народ, кој ја искажа својата почит кон светителот, со своето големо присуство.

Свети Георгиј Кратовски, моли го Бога за нас!