Нов мисионерски оддел на Српската православна црква

На денот кога се празнува споменот на Светиот рамноапостолен Кирил, просветител на Словените, Белградско-карловачката Архиепископија на Српската православна црква ја информираше јавноста дека Неговата Светост Патријархот Српски г. г. Порфириј, поради потребата за подобрување на мисионерската дејност, донесе одлука за формирање на Мисионерски оддел при оваа Архиепискпија.

Со оваа одлука, за прв пат во својата историја, оваа централна епархија на Српската православна црква доби професионално мисионерско тело кое ќе работи под директен надзор на Патријархот. Воедно, таа е прва епархиска мисионерска организациска единица од ваков тип на ниво на целата Српска православна црква. Со одлука на Неговата Светост, Мисионерскиот оддел на Белградско-карловачката Архиепископијата беше замислен како мисионерска структура составена од пет различни и меѓусебно поврзани отсеци. За седиштето е одреден посебен простор во парохискиот дом на црквата Свети Александар Невски во Дорчол, храм со децениска мисионерска традиција, најдобро одразена во Мисионерското школо кое следната година ќе прослави четири децении континуирано постоење.

За раководител на Мисионерскиот оддел е назначен презвитер д-р Оливер Суботиќ, парохиски свештеник во храмот на Свети Александар Невски, кој досега извршуваше повеќе мисионерски задачи на Светиот архиерејски синод. Покрај примарната задача, на управникот му е доверено и раководење со Отсекот за надворешна мисија, кое ќе биде насочено кон мисионерска и духовна работа со странски државјани кои се привремено или трајно населени во Белград и имаат интерес за православното христијанство.

Протојереј-ставрофор Вајо Јовиќ, пензиониран свештеник со долгогодишно мисионерско искуство, беше назначен за координатор на Отсекот за парохиска мисија. Во рамките на тој отсек ќе се иницира постојана менторска работа со млади свештеници, на кои систематски ќе им се пренесуваат најдобрите парохиски искуства и ќе им се дава духовна поддршка во нивната свештеничка служба.

Ѓаконот Александар Милојков, некогашен студент на генерацијата на Православниот богословски факултет во Белград, а денешен доктор по патролошки науки, кој служи во храмот Вознесение Господово, а предава верска настава во Земунската гимназија, е именуван за координатор на Отсекот за дијалог во јавната сфера. Улогата на тој отсек ќе биде да иницира форуми за дијалог каде ќе се разменуваат мислења за различни теми меѓу православните свештеници, вероучители и интелектуалци со претставници на науката, филозофијата, уметноста и културата, што ќе помогне да се разбијат предрасудите за Црквата наследени од периодот на самоуправниот социјализам, кои сè уште се присутни во општеството.

Отсекот за апологетската мисија, чија улога е да обезбеди адекватен и систематски одговор на современите предизвици на секташтвото, гуруизмот и New Age движењата, му е доверен на правникот – магистер религиолог Зоран Луковиќ, член на Европската федерација за следење и документирање на секташки и манипулативни активности и еден од најголемите српски авторитети во областа на сектологијата.

Отсекот за електронска мисија, наменет за мисионерско покривање на електронскиот спектар, му беше доверен на информатичкиот експерт Ненад Бадовинац, своевремено најблискиот соработник на блаженоупокоениот архимандрит-мисионер Гаврило Лепавински.

За секретар на Мисионерскиот оддел е назначен Небојша Мишевиќ, информатичар со долгогодишно искуство во информатичко-комуникациските и графичките медиуми, кој претходно беше вработен во Верскиот добротворен фонд на Белградско-карловачката Архиепископија и во телевизијата Храм.

За преведувач на Одделението е назначена Љиљана Мутавџиќ, парохијанка на црквата Свети Александар Невски, која се стекна со диплома по англиски јазик за време на нејзиниот тридецениски престој во Лондон.

Со одлука на Патријархот Порфириј, меѓу другото, е утврдено дека крсната слава на Мисионерското одделение на Белградско-карловичката Архиепископија ќе биде празникот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, словенски просветители.

За понатамошната работа на Мисионерското одделение на Белградско-карловичката архиепископија пошироката јавност ќе може да дознае преку официјалните црковни медиуми.

Извор: https://spc.rs/osnovano-misionarsko-odeljenje-arhiepiskopije-beogradsko-karlovacke/