Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован одржа предавање во џамијата Али-Отман во Дамаск

Неговото Блаженство Патријархот Јован X и сирискиот Министер за верски прашања, Неговата Еминенција Шеик д-р Мохамед Абдул-Сатар ал-Сајед, на 6 февруари оваа година, одржаа предавање со дијалог насловено „Значењето на религијата во зајакнувањето на семејствата и општествата“ во џамијата Ал-Отман во Дамаск. Овој настан беше дел од програмата за образовен дијалог организирана од Министерството за верски прашања, на која присуствуваа имами, проповедници, учители по Куран, вероучители, како и неколку митрополити, епископи, свештеници и мирјани.

Откако Министерот за верски прашања му посака добредојде на Неговото Блаженство, Патријархот го претстави своето излагање, чија содржина е поделена во следните делови:

1. Теолошките основи на христијанските концепти за човештвото, бракот и семејството.

2. Современи предизвици со кои се соочуваат семејствата денес.

3. Етички прашања во науката за животот.

4. Улогата на семејството во денешното општество.

Како заклучок, Неговото Блаженство ја истакна итната потреба денес, повеќе од кога било досега, да се даде приоритет на грижата за семејствата и да се решаваат проблемите со кои тие се соочуваат, имајќи ги предвид психолошките, материјалните, духовните и социјалните димензии, како на семејството, така и на општеството.

Тој, исто така, ја истакна одлуката на Црквата да се фокусира на зачувување на семејството и негување на радоста од присуството на Господ во семејниот живот, признавајќи дека загрозувањето и дестабилизацијата на семејствата се закана за камен-темелникот на нашето општество.

Неговата Екселенција Министерот за верски прашања ги коментираше спомнатите точки, потврдувајќи дека сите семејни принципи и основи кои ги спомна Неговото Блаженство се исто така фундаментални аспекти на исламското образование. Семинарот заврши со прашања и коментари од присутните.

Извор: https://www.antiochpatriarchate.org/en/page/lecture-by-his-beatitude-patriarch-john-x-at-the-al-othman-mosque/2655/