Канцеларијата на Светиот синод, во петокот, на 09.02.2024 година, испрати соопштение поврзано со предлогот за издигнување на Томиската Архиепископија [градот Констанца и околните населени периферни населби/села] на ранг на Митрополија. Во продолжение го објавуваме целосниот текст:
Проблемот за издигнување на Томиската Архиепископија на ранг на митрополија
- Барањето на Томиската Архиепископија да постане Митрополија, беше дискутирано и отфрлено на седницата на Светиот синод на Романската Православна Црква (4-5 март 2003 г.), претседавана од Патријархот Теоктист.
- Во последниве две години, Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Теодосиј повеќепати бараше од Канцеларијата на Светиот синод одново да го впише на дневен ред издигнувањето на Томиската Архиепископија на ранг на Митрополија, притоа приложувајќи историски, културолошки и социолошки аргументи. Секојпат Канцеларијата на Светиот синод одговараше дека, согласно со Статутот за организирање и функционирање на РоПЦ, една Митрополија е составена од две, од три или од повеќе епархии, а архијереите на истите заедно формираат т.н. Митрополитски синод. Но, бидејќи ниедна соседна епархија на Томиската Архиепископија не сака да влезе во составот на идна Томиска Митрополија, Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Теодосиј жестоко инсистира само епархијата којашто тој ја раководи да стане Митрополија, според моделот (примерот) на некои Митрополии од Бугарија, со тоа погазувајќи го статутарниот поредок на РоПЦ којашто, во моментов, не предвидува т.н. почесни Митрополии, без Митрополитски синод.
- Токму поради тоа, на дневниот ред на идната седница на Светиот синод ќе се најде погазувањето на статутарниот поредок на Црквата и нарушувањето на мирот ем во Црквата, ем во општеството преку негодувачки акти, недисциплина и јавен притисок.
Канцеларија на Светиот синод