9-дневен помен за загинатите во терористичкиот напад во Москва

На 30 март 2024 година, во саботата од втората седмица на Великиот пост, архиепископот Адинцовски и Красногорски Тома отслужи помен за загинатите во терористичкиот напад, што се случи пред девет дена во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва. Претходно, тој началствуваше на Литургијата во храмот „Св. Никола“ во градот Красногорск (Московска област). На Литургијата беа присутни роднини на жртвите, свештеници, волонтери (кои помагаа во штабот за пружање помош на жртвите од нападот), соработници на коцертната сала „Крокус Сити Хол“ и парохијани.

По завршувањето на Литургијата, архиепископот Тома отслужи помен за загинатите. Поменот беше отслужен кај спонтано направениот меморијален споменик, на местото од трагедијата. На роднините и на блиските на загинатите, тој им го пренесе сочувството од Патријархот Московски и на сета Рус Кирил. Потоа, на местото од трагедијата, тој положи венец од името на Патријархот.

На богослужбата беа присутни претставници на Црквата, на властите и жители на Москва и на Московската област. Црковниот телевизиски канал „Спас“ вршеше директен пренос од поменот.

Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/6116913.html, https://spastv.ru/panihida-na-meste-terakta-v-krokus-siti-holle/