Фотографија: greekcitytimes.com
Откако турските власти донесоа одлука манастирот Хора од музеј да биде претворен во џамија, за што веќе известивме, на 10 мај оваа година во него се одржа првиот молитвен собор на кој пристигнаа голем број верници.
Поради тоа, Постојаниот свет синод на Црквата на Грција, кој се состана на 15 мај оваа година, изрази протест за уште едниот во низата христијански објекти кои во скоро време од музеи беа претворени во џамии. Во своето соопштение, Синодот изјавува:
„По повод неодамнешното претворање на црква на манастирот Хора од музеј во муслиманска џамија, Постојаниот свет синод го изрази своето силно незадоволство и загриженост поради одлуката на Владата на Турција да се претвори, по Света Софија Никејска, Света Софија Трабзонска и Света Софија Константинополска, и овој историски христијански споменик за кој станува збор, од споменик на светското културно наследство, до симбол на наметнување моќ и точка на поделба и разделување.“
Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/63374-entoni-dysareskeia-tis-dis-gia-tin-moni-tis-xoras , https://apnews.com/article/turkey-byzantine-chora-church-mosque-opening-erdogan-ba2dd54f892823d76bf1a25ef0d7ea20