Фотографии: patriarchateofalexandria.com
Во петок, 19 април 2024 година, Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка, г.г. Теодор II, началствуваше на службата на Акатистот Богородичен во светиот соборен храм Благовештение Богородично, во Александрија, во сослужение со Високопреосвештениот Митрополит на Птолемаида г. Пантелејмон, Секретар на Светиот Архијерејски Синод на Александриската Патријаршија.
Во својата беседа на оваа служба, Неговото Блаженство, во присуство на Конзулот на Грција во Александрија, г. Јоанис Пиргакис, на Претседателката на грчкото поморско здружение во Александрија и на Здружението на грчки научници „Птоломеј I“ г-ѓа Лиликас-Ирини Тливиту и верниците од големиот град – Александрија, ја повика во застапништвото Небесната Војвотка, за прекин на конфликтите меѓу народите, за смирување на светот и за единство на Црквите.
Исто така, во лицето на сомолитвеникот конзул, тој ја изрази својата благодарност до татковината Грција за покажаното сочувство кон тековната работа на второпрестолната Црква, додека во лицето на сослужителот, Високопреосвештениот Митрополит на Птолемаида, тој го изрази своето татковско задоволство и благодарност до пожртвуваното служење на архијереите и свештениците на престолот на африканскиот континент, до нивните лаици-соработници и до сите ширум светот кои го помагаат мисионерското дело, здруженија, црковни организации и други тела.
На крајот, тој ја нагласи сигурноста од заштитата на христоименитото мноштво низ цела Африка под покровот на Богомајката.