Избран е нов Сливенски митрополит во Бугарската православна црква

На 26 мај 2024 година, во 4 недела по Велигден, во синодскиот параклис „Св. Цар Борис-Михаил”, во Софија се одржа избор на нов Сливенски митрополит на Бугарската православна црква. Со 7 гласа „за“, од вкупно 12 гласови, Светиот Синод на Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија го избра Знеполскиот епископ Арсениј за Сливенски митрополит.

За него гласаа митрополитите: Великотрновски Григориј, Плевенски Игнатиј, Пловдивски Николај, Западно и Средноевропски Антониј, Русенски Наум, Старозагорски Кипријан Доростолски Јаков. Врачанскиот митрополит Григориј (намесник-претседател на Светиот Синод) го прогласи изборот на Знеполскиот епископ Арсениј за нов член на Светиот Синод, во својство на Сливенски митрополит.

Гласањето се изврши во светиот олтар, врз светата трпеза во синодскиот параклис. Митрополитите земаа изборни ливчиња и празен плик, влегуваа во олтарот, ги целиваа светото Евангелие и светиот крст, па врз светата трпеза го запишуваа својот глас.

По завршување на гласањето, Митрополитот Григориј го објави следниот изборен резултат:

Од дванаесет предадени гласачки ливчиња, 7 гласа беа „за“ Знеполскиот епископ Арсениј. Вториот кандидат, Мелничкиот епископ Герасим доби 5 гласа.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/sv-sinod-izbra-znepolskia-episkop-arseniy-za-nov-slivenski-m