Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кидониски г. Атинагора, од Цариградската Патријаршија, објави изјава во врска со неодамнешниот инцидент (за кого веќе пишувавме). Во продолжение е изјавата во целост:
1. Видеото, кое ја здогледа светлината на денот, по повод крајно тажниот настан, вечерта во понеделник, 1 април 2024 година, во парохијата на Архангелите во Константинопол, за жал ги соблазни верниците и отвара прашања за етосот на црковните луѓе воопшто.
2. Би сакале најпрвин да се извиниме, бидејќи еден немил инцидент предизвикува омаловажување на Првопрестолната црква во Константинопол, таргетирање на светото свештенство и донесување неточни заклучоци.
3. По повод овој настан беа напишани работи кои не соодветствуваат на реалноста. Вистината е дека свештеникот, кој нè нападна, има тежок карактер, поради што уште од првиот момент на неговото сместување во парохијата на Архангелите покажа неподготвеност да соработува со нас, како и со сите други надлежни лица. Тој, секако, од сите нас беше третиран со христијанска љубов, со големо трпение и внимателност, со очекување дека ќе се аклиматизира на новата позиција.
4. Меѓутоа, поради својот карактер, во попладневните часови во понеделник, 1 април 2024 година, тој предизвика интензивна вербална епизода во нашата канцеларија и се обиде да нè удри, настани што го оневозможија заедничкото одржување на светата богослужба потоа. Ова беше и причината за нашето одвраќање од него „оче…, нема да ми требаш, можеш да си одиш“, што е снимено во аудио-визуелниот материјал.
5. За жал, овој свештеник не ја искористи можноста што му ја дадовме да се смири ситуацијата и да си дојде на себеи. Напротив, тој нè нападна во моментот на поклонувањето пред светата икона Богородица Мавромолиотиса и изврши насилство врз нас.
6. За среќа, клисарот на храмот беше присутен и го оттурна, бидејќи претходно по втор пат изврши насилство врз нас. Секако дека не возвративме. Останавме молчаливи и без реакција.
7. Неискажливите навреди на турски, кои беа снимени, дојдоа од усните на свештеникот, додека молбените изрази во обид да биде задржан, дојдоа од клисарот.
8. Последната реченица што излезе од устата на свештеникот, на уличен јазик (sic), упатена до нас беше следнава: „Ќе те убијам…“!
9. Не тргнавме да го прикриваме инцидентот. Напротив, ја претпочитавме предвидената законска процедура за информирање на надлежните органи за неиспровоцираниот напад што го добивме и загрозувањето на нашиот физички интегритет. По должност го известивме Светејшиот Вселенскиот Патријарх, кој е Пастир на свештенството.
10. Категорично негираме сè друго што било објавено.
11. Се надеваме и се молиме свештеникот да ја сфати својата грешка, во која паѓа по втор пат. Вселенската патријаршија и нашата заедница во своето сеќавање чуваат случки од сличен карактер, кои свештеникот ги предизвикал во друга Црковна заедница и кои станале причина за неговото отстранување од неа.
12. Нека Светиот Бог ни прости и нека нè помилува сите нас, особено нас свештените лица, кои со вакво однесување ги соблазнуваме христијаните, па дури и среде Светата и Велика Четириесетница.
04.04.2024 година.
Извор: https://www.romfea.gr/oikoumeniko-patriarxeio/62537-dilosi-mitropoliti-kydonion-athinagorou