Фотографија: romfea.gr
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Ксанти г. Пантелејмон од Црквата на Грција, го изрази своето противење на одржување на богохулен концерт во неговата епархија. По најавата на настапот, тој апелираше до организаторот, како и до сопствениците на локалот каде беше закажан концертот, да биде откажан тој настан.
И покрај неговите заложби, настапот сепак се одржа, по што Митрополијата на Ксанти објави соопштение во кое изразува жалење и осуда на тој настан. Истовремено, објави дека оние кои ги усвоиле богохулните ставови за Исуса Христа на музичката група, се оддалечуваат од Црквата.
Во прашање е музичка група од Грција која отворено хули на Бога, и чии членови се декларираат за сатанисти.