Канцеларијата на Варненската и Великопреславска митрополија и канцеларијата на Ловчанската митрополија (од Бугарската православна црква), но, и лично, надлежните епархиски архијереи Јован и Гаврил, ја известуваат јавноста дека на интернет се шират објави со видео, во кое преку вештачка интелигенција е изработена лажна реклама за медицински производ. На лажно изработените видео-реклами се прикажани двајцата архијереи. Митрополитот Гаврил соопштува дека ова нема врска со вистината, а Варненскиот митрополит Јован категорично изјавува дека не рекламирал никакви медицински производи и не употребувал имиња на авторитетни лекари во реклами. И двајцата митрополити презеле соодветни мерки до компетентните државни органи.
Извор: https://mitropolia-sofia.org/2024/06/07/църковни-новини-от-страната-и-света-з-190/