Српскиот Патријарх Порфириј крсти десетици млади луѓе

На 28 април 2024 година, на празникот Цветници, Српскиот Патријарх Порфириј служеше Литургија во храмот „Св. Троица“, во белградската населба Рипањ, во сослужение на Новобрдскиот епископ Иларион (викар на Патријархот), на свештенство и на верен народ.

Во склоп на Литургијата, Патријархот ја изврши Светата тајна Крштение на десетици дечиња – светосавци и ученици од околните основни училишта.

„Крштението е почеток на духовниот живот, кој треба да се рефлектира во нашето секојдневие, во кое се бориме и се трудиме да бидеме добродетелни луѓе, да бидеме честити луѓе, да бидеме вистински и, со еден збор, да бидеме нормални луѓе. Од друга страна, треба да учествуваме во светите богослужби на Црквата, а, пред сѐ, во светата Литургија. Ние се крштеваме и се раѓаме за да можеме, пред сѐ, да учествуваме во сето она што претставува живот на Црквата, кој својата кулминација ја има во светата Литургија, во светата тајна на Причеста. За да можеме да се причестуваме со мирна совест, се подразбира трудот, што во себе ги вклучува и постот и молитвата. Меѓутоа, покајанието и исповедта се подразбираат со оглед на тоа дека сме слаби и немоќни луѓе, па затоа грешиме и паѓаме. Со еден збор, се подразбира нашата непосредна, органска врска со нашиот духовник, свештеник, кој најдобро ќе знае како да нѐ раководи во тајната на животот на Црквата“ – истакна Патријархот Порфириј.

Извор: https://spc.rs/patrijarh-porfirije-u-ripnju-krstio-vise-desetina-mladih-svetosavaca/