Во оваа, 2024, година се навршуваат 130 години од раѓањето, 45 години од упокојувањето и 10 години од преносот на моштите на еден од најголемите современи православни духовници – преподобниот отец Јустин Келијски (Поповиќ). По тој повод, во манастирот „Келије“, во Ваљевската епархија на Српската православна црква се одржа торжествена прослава. Таа започна со Литургија, на која началствуваше Српскиот Патријарх Порфириј, во сослужение на Митрополитот Берлински и Германски Марко (од Руската православна задгранична црква) и на епископите: Врањски Пахомиј, Шумадиски Јован, Браничевски Игнатиј, Рашко-призренски Теодосиј, Тимочки Иларион, Нишки Арсениј, Осјечкопољски и Барањски Херувим, Шабачки Јеротеј, Ремезијански Стефан, Топлички Петар и домаќинот – Ваљевскиот епископ Исихиј, со учество на свештенослужители од повеќе епархии.
По завршување на Литургијата, на Патријархот му беше доделен орден „на преподониот отец Јустин Келијски“. Тој орден е востановен во 2019 година, а со него се одликувани: блаженоупокоениот Патријарх Српски Иринеј, блаженоупокоениот Митрополит Црногорско-приморски Амфилохиј, блаженоупокоениот епископ Атанасиј (Јевтиќ), Бачкиот епископ Иринеј, Митрополитот Берлински и Германски Марко (од РПЗЦ) и архитектот Предраг Ристиќ.
Прославата беше заокружена со свечена академија во „Омни“ центарот во Ваљево. На академијата, свои обраќања имаа Патријархот Порфириј, Бачкиот епископ Иринеј и Ваљевскиот епископ Исихиј. Во уметничкиот дел од програмата учествуваа: камерниот хор „Емануил“и хорот „Св. Јован Дамаскин“ од Нови Сад.
Извор: https://www.eparhijavaljevska.rs/index.php/2024/04/08/proslava-jubileja-prepodobnog-justina-celijskog-manastir-celije-blagovesti-2024/, https://www.eparhijavaljevska.rs/index.php/2024/04/07/u-omni-centru-odrzana-svecaa-akademija-u-cast-jubileja-prepodobnog-oca-justina, https://www.eparhijavaljevska.rs/index.php/2024/04/07/orden-prepodobnog-oca-justina-patrijarhu-porfiriju