Торжествен молебен и водосвет во Софија, по повод 24 мај

Врачанскиот митрополит Григориј (местобљустител на патријаршискиот трон на Бугарската православна црква) отслужи торжествен молебен по повод 24 мај – Денот на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската писменост.

На молитвениот чин учествуваа: Мелничкиот епископ Герасим (главен секретар на Светиот Синод), Белоградчишкиот епископ Поликарп (викарен на Софискиот митрополит), архимандрит Василиј (протосингел на Софиската митрополија), и свештенослужители од главниот град на Бугарија.

По молитвениот чин, Митрополитот Григориј, епископите, свештениците, хорот при патријаршискиот катедрален храм и православните христијани, со литија, се упатија кон Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“. Таму беше извршен торжествен водосвет, во присуство на претседателот на Бугарија Румен Радев, на кметот на Софија Васил Терзиев, на политичари, на јавни личности и на мноштво државни личности, на академски претставници, на просветни и културни работници, на граѓани, родители, на деца и на ученици.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/tarzhestveni-moleben-i-vodosvet-po-povod-24-may-v-sofia