Во турскиот град Гелиболу отслужена првата богослужба за верниците од Московската патријаршија

На 15 април 2024 година, во турскиот град Гелиболу (грч. Галиполи) се одржа првата богослужба за рускојазичните верници на Московската патријаршија, кои живеат на крајбрежието од Мраморното море во Турција. Светите тајни Исповед и Елеосветување ги изврши свештеникот Георгиј Сергеев. Тој е одговорен за пастирска грижа за рускојазичните верници на територијата на Турската република.

По завршувањето на богослужбата, отец Георгиј имаше средба со верниците. На средбата тој зборуваше за животот на црковните општини на Московската патријаршија на територијата на Турција. Со соговорниците беа определени понатамошните планови за организирање на редовни богослужби во регионот на Мраморното море.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/91656/