Востоличен првиот епископ на Џумба и на Јужен Судан

Фотографија: romfea.gr

На 14 април 2024 година, во неделата посветена на преподобен Јован Лествичник, со помош на Божјата благодат и со благослов на Александрискиот Патријарх Теодор II, беше востоличен епископот Константин Бонабинги за прв епископ на новооснованата епископија на Џумба и на Јужен Судан. Јужен Судан се наоѓаше под јурисдикција на митрополијата на Хартум. Меѓутоа, по поделбата на земјата (Северен и Јужен Судан), поради тешката политичка состојба и поради немирите во тие области, се појави потреба за основање на нова црковна јурисдикција.

Со чинот на востоличување во Џумба началствуваше Кабалскиот митрополит, како претставник на Александрискиот Патријарх. Присутни беа епископите Силвестер на Џинџа и Нектариј на Гула (кои потекнуваат од Уганда), со мноштво верници, кои допатуваа за да му честитаат на нивниот сонародник – епископот Константин. На чинот присуствуваа православни верници од Јужен Судан, како и претставници на локалните власти и предводници на други религиозни конфесии.

Во своето обраќање, епископот Константин нагласи дека пастирската дејност во новооснованата црковна јурисдикција нема да биде лесна, имајќи ја предвид актуелната политичка состојба. Меѓутоа, тој се охрабрува, пред сѐ, од Великиот Пастироначалник Исус Христос, а потоа од татковските совети на Александрискиот Патријарх, за надминување на секоја тешкотија и пречка, со цел утврдување на Христовата Црква заради спасение на луѓето и заради мир во регионот.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/62771-enthronisi-tou-protou-episkopou-tzoympa-kai-notiou-soudan-foto