На седницата, одржана на 12 март 2024 година, Светиот Синод на Руската православна црква ја разгледа одлуката на Светиот синод на Александриската патријаршија за расчинување на Зарајскиот епископ Константин, кој е вршител на должноста Патријаршиски Егзарх за Африка.
Во соопштението се наведува и случајот со претходниот Патријаршиски Егзарх за Африка, Клинскиот митрополит Леонид. Тој, исто така, беше расчинет од Александриската патријаршија. „Тогаш, Светиот Синод на Руската православна црква, земајќи го предвид паѓањето во раскол на Александрискиот Патријарх Теодор II, а, исто така, и општопризнатиот принцип, според кој клириците од една автокефална Црква не му подлежат на судот на друга автокефална Црква, одлучи: ‘расчинувањето’ на Патријаршискиот Егзарх за Африка, Клинскиот митрополит Леонид, како и сите слични одлуки во однос на клириците на Руската православна црква, да се сметаат како неважечки и без канонска сила.“
„Денес Синодот на Руската црква одлучи да се смета за незаконска и неважечка одлуката на Синодот на Александриската патријаршија за ‘расчинување’ на вршителот на должноста Патријаршиски Егзарх во Африка, епископот Зарајски Константин. Исто така, со одлука на Синодот, Зарајскиот епископ Константин е потврден на должноста Патријаршиски Егзарх за Африка“ – се вели во соопштението.