Сослужување со Архимандрит на Руската православна црква

Во Неделата на митарот и фарисејот, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Света Божествена Литургија во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица, а во сослужение со Високопреподобниот Архимандрит д-р Андроник (Дунајев) од Руската Православна Црква и свештенството и монаштвото од Струмичката Православна Епархија.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.