На 6 февруари 2024 година, Халкидонскиот митрополит Емануил (од Цариградската патријаршија), како претставник на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, беше во Литванија на средба со премиерката на земјата Ингрида Шимонте. Во придружба на Митрополитот беше Егзархот на Цариградската патријаршија во Литванија, јеромонах Јустин Кивилоо, кој од неодамна и официјално ја презеде својата должност.
Во епицентарот на срдечниот разговор беа теми во врска со службата на Патријаршискиот Егзархат во Литванија, но и пошироки прашања од заемен интерес. За време на неговата посета на Литванија, Митрополитот Емануил се сретна со клириците на Егзархатот, на кои им ги пренесе благословот од Патријархот и неговата ненамалена лична заинтересираност за службата и за делото што тие ги извршуваат за полза на нивното паство и на литванското општество.
Потсетуваме дека во март 2023 година, Цариградскиот патријарх Вартоломеј оствари официјална посета на Вилнус – главниот град на Литванија. Посетата беше по покана на Владата на Литванија. Во таа прилика тој ја соопшти намерата на Цариградската патријаршија за основање на Патријаршиски Егзархат во таа земја.