Хоспитализиран Митрополитот Черкаски г. Теодосиј

На фотографијата: нападот на манастирот Рождество Богородично во Черкаси во 2023 год., снимка од видеото објавено од Народниот пратеник во Украинскиот парламент Артем Дмитрук

Рано утрото на 22 февруари 2024 година, Украинската служба за безбедност повторно изврши претрес на куќата на Митрополитот Черкаски и Каневски г. Теодосиј, од Украинската православна црква, како што пренесува Телеграм каналот на Черкаската епархија.

Безбедносните сили ја прекинаа Божествената Литургија во домашниот храм на архијерејот. Притоа, Митрополитот Теодосиј доживеа срцев удар и му беше укажана лекарска помош.

Украинската служба за безбедност објави дека на Митрополитот Теодосиј му врачила веќе четврто обвинение за „субверзивни активности против Украина“, според чл. 161 од Кривичниот закон на Украина (нарушување на рамноправноста на граѓаните, во зависност од нивните верски убедувања, извршени повеќепати од официјални лица) заради неговите објави на Фејсбук и неговите проповеди, во кои, според Украинската служба за безбедност: „Шири лаги во врска со ’окупирањето’ на манастирот Рождество Богородично“. Во објавата се вели дека „семантичко-лингвистичката и форензичко-психолошката експертиза, иницирана од Службата за безбедност, ги потврди фактите за кривичното дело на обвинетиот“. Му се заканува казна од 8 години затвор.

Митрополитот Теодосиј беше хоспитализиран на 27 февруари, заради хипертензивна криза. Од неговата Митрополија пристигнуваат молби до Православните христијани ширум светот да се молат за неговото здравје.

Извори: https://spzh.media/en/tag/arkhijepiskop-bojarskij-feodosij-545, https://t.me/SBUkr/11263?single , https://t.me/dmytrukartem/6519