Украинските власти покренаа обвинение против уште еден Архијереј на Украинската православна црква

Украинските органи за спроведување на законот ставија под истрага уште еден архиереј на канонската Украинска православна црква.

Неговото Високопреосвештенство Сумскиот Митрополитот г. Евлогиј доби официјално обвинение за „поттикнување верска омраза“ на 20 февруари, како што самиот изјави за Сојузот на православни новинари.

Истрагата се заснова на изјавите што тој ги дал во октомври за тоа дека голем број помесни цркви, вклучително и Полската и Албанската црква, не ја признаваат таканаречената „Православна црква на Украина“.

Службениците на Националната полиција и на Украинската служба за безбедност извршиле притисок врз него да потпише документ со кој тој ја признава вината, но архијерејот одбил, бидејќи е невин за поттикнување непријателство.

„Но, тие веќе кажаа дека ќе биде лошо за мене ако не потпишам“, рече Митрополитот.

Тој упати и изјава до верниците од неговата епархија:

„Со длабока болка во срцето, но со цврста вера во праведниот суд Божји, ви се обраќам во овие тешки моменти за мене. Како што знаете, против мене се подигнати обвиненија, кои немаат реална основа. Причината за овие обвиненија беше мојата проповед во која изразив поддршка за нашата Украинска православна црква и [укажав на] погрешноста на верската политика кон нашата црква и кон нејзините верни чеда, која што сите ние ја гледаме (видете го видеото „Апелот на митрополитот Евлогиј од 21.10. 2023 За прогонството на Украинската православна црква“ на YouTube каналот Orthodox Sumy). Денес, кога лажните клевети се излеваат како река, и секој ден се зголемува бројот на заканите и состојбата се заострува, мојата душа и моето срце се обраќаат кон Бога, барајќи утеха и сила во Него. Мојата епископска совест не ми дозволува да им подлегнам на овие напади и да признаам вина за постапки што не сум ги направил. Верувам дека Божјата вистина ќе надвладее, но за ова ми треба вашата поддршка и молитвена помош.

Ве молам, драги отци, браќа и сестри, да ги засилите вашите свети молитви кон нашиот Господ Бог, за да ги зајакне мојата вера и цврстината на духот, и да ми даде мудрост да не грешам во ова искушение. Нека Господ ми помогне да ја одржам чистотата на мојата совест и да продолжам да служам пред Божјиот престол беспрекорно и праведно, како што се очекува од нас.

Милостивиот Господ да ве благослови вас, вашите семејства и вашата служба. Нека ни даде на сите мир, трпение и сила да се спротивставиме на искушенијата, чувајќи ја верата и љубовта во нашите срца.“

Украина веќе обвини или стави под истрага голем број архијереи врз основа на лажни обвиненија за поттикнување верска омраза и за наводно поддршка на руската агресија против Украина.

Последното обвинение би било особено тешко да се докаже во случајот со Митрополитот Сумски Евлогиј на Суми. Градот Суми се наоѓа во источна Украина, на само 35 милји (56 километри) од руската граница. Областа Суми беше една од првите области кои ги почувствуваа последиците на војната, уште од самиот почеток во февруари 2022 година. Сумската епархија беше првата што престана да го спомнува името на Неговата Светост Патријарх Кирил на богослуженијата.

Извор: https://orthochristian.com/158916.html