Во очи празникот на Благовештението Богородично, во манастирот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, беше отслужено празнично бдение, на кое началствуваше Високопреосвештениот Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил од Цариградската Патријаршија, во молитвено присуство на Високопреосвештениот Митрополит на Дидимотика г. Дамаскин од Црквата на Грција, Преосвештениот Епископ Делчевско-каменички г. Марко, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј, свештенство, монаштво и многуброен верен народ.