Цариградскиот Патријарх Вартоломеј кажа дека е соблазна, тоа што постои одделно празнување на Воскресението на едниот Господ

Цариградскиот Патријарх Вартоломеј упати срдечни честитки кон сите неправославни христијани, кои годинава го празнуваат Велигден на 31 март. Тој ги упати честитките во беседата, што ја изговори во храмот „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ во Истанбул, каде присуствуваше на Литургијата.

„На овој ден, радосната порака за сиот свет, што ја упатува Воскресението, добива и дополнителна актуелност, бидејќи нашите браќа неправославни христијани, денес го празнуваат воскресението од мртвите на нашиот Господ (Света Пасха). Ние веќе имаме испратено претставници по сите христијански заедници на другите конфесии тука, за да им ги пренесат празничните честитки од светата Христова Велика Црква, и да ги пренесат нашите патријаршиски честитки. Меѓутоа, и од ова место упатуваме средечен љубовен поздрав до сите христијани, по целата земја, кои денес го празнуваат Велигден. Му се молиме на Господ на славата, да нѐ удостои, заедничкото празнување на Велигден што ќе го имаме следната година, да не биде само обично совпаѓање, туку да биде почеток на востановување на заеднички датум за негово празнување, секоја година, и кај источното и кај западното христијанство, во очи на јубилејното навршување на 1700 години (што ќе биде во 2025 година) од свикувањето на Првиот вселенски собор во Никеја. Меѓу другото, тој Собор се занимавал со прашањето за регулирање на датумот за празнување на Велигден. Ние сме оптимисти, бидејќи за тоа постои добра волја и намера и од двете страни. А, навистина, претставува соблазна, тоа што е одделно празнувањето на единствениот настан на Воскресението на едниот Господ“ – кажа Патријархот Вартоломеј.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/62493-vartholomaios-apotelei-skandalon-o-xoristos-eortasmos-tis-mias-anastaseos-tou-enos-kyriou