Фотографија: foma.ru
На 11 јуни 2024 година, на покана од Српскиот Патријарх Порфириј, поглаварот на Руската задгранична Црква, Митрополитот Источноамерикански и Њујоршки Николај, придружувајќи ја иконата на Корено-Курската икона на Богородица „Знамение“, ќе ја посети Српската православна црква. Главна цел на посетата е да му се овозможи на православниот српски народ да се поклони на чудотворната икона, која ја напуштила Србија пред 80 години.
На празникот на Господовото Вознесение (на 13 јуни) ќе се одржи голема литија по улиците на Белград, со Курската икона на Богородица и со други светињи (меѓу кои и моштите на преподобен Јустин Келиски). Се очекува, Митрополитот Николај и неговите придружници да посетат храмови и манастири на Српската православна црква и историски места, кои се поврзани со престојот на Руската задгранична црква во Србија (Руската задгранична црква е основана во 1921 година во Сремски Карловци-Србија). Според благословот на Патријархот Порфириј, на 14 јуни архијерејскиот Синод ќе одржи свечена седница во Сремски Карловци.