Фотографија: facebook.com/svlavra
Митрополитот Арсениј Свјатогорски, викар на Киевската епархија и намесник на Свјатогорската лавра Успение Богородично, од Украинската православна црква, денес беше уапсен од страна на Украинската служба за безбедност, а неговиот манастир подложен на детален претрес.
Лаврата се наоѓа близу градот Свјатогорск во Донецката област каде што има воени дејства помеѓу Руската и Украинската војска.
Обвинението на Украинските власти е дека Митрополитот Арсениј им дал информации на Руските сили за позициите на Украинската армија. Објаснувањето на Украинските безбедносни служби е дека ова го сторил скришно, во текот на Литургијата, од којашто потоа бил објавен видео запис на сајтот на Лаврата.
На митрополитот му се заканува затворска казна од 8 години.
Извор: https://t.me/SBUkr/11778