Претстоителот на Православната црква на Украина (чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) Епифаниј Думенко, кој беше придружуван од Евстратиј Зора (заменик на одделот за надворешни работи на ПЦУ) присуствуваше на заупокоената литургија за Блаженоупокоениот Патријарх Неофит во Софија, но не сослужуваше.
Литургијата беше отслужена во катедралниот храм на Свети Александар Невски, кого што Православната црква на Украина пред скоро време донесе одлука да го избрише од календарот на светителите, за што веќе известивме.