Пишува: Протојереј Александар Тодоровски
Деновиве македонска црковна заедница во Торонто дишеше во духот на Св. Нектариј Егински. Мноштво луѓе дојдоа да се поклонат на неговите мошти и да се помолат на Вечерната богослужба.
Голема благодарност до о. Питер Бусиок од Романската православна црква кој покажа несебична љубов, како што рече, кон братскиот македонски народ, којшто со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот на Американско-канадската Македонска православна епархија г. Методиј, ги донесе моштите кои беа изложени во епархискиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ – Торонто. По донесувањето на моштите се отслужи света воскресна Вечерна богослужба на која сослужуваа повеќе свештеници.
После богослужбата најпрво о. Сашо Целески одржа пригодно слово, а потоа и о. Питер Бусиок, кој опширно се задржа на животот и чудата на св. Нектариј Егински. Прекрасна беше глетката кога целиот народ со стравопочит и набожност приоѓаа да се поклонат пред моштите на светителот.