Соборна архијерејска света Литургија по повод десетгодишнината од изборот и интронизацијата на Русенскиот Митрополит г. Наум беше отслужена во соборниот храм „Света Троица“, во Русе, Бугарија, на 12 мај 2024 година.
На Литургијата началствуваше Митрополитот Наум, во сослужување со архијереите од Романската православна црква: Архиепископот Теодосиј на Констанца, Архиепископот Варсануфиј на Рамнику Валча, Епископ Галактион на Александрија, Епископ Петрониј на Салажулуј и Архијереите од Бугарската православна црква: Митрополитот Јаков Силистриски, Епископот Тихон Тивериополски, Епископот Сиониј Велички, и Епископот Макариј Главиницкиј.
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј му го честиташе јубилејот на Митрополитот Русенски г. Наум и на прославата на јубилејот од интронизацијата од свое име ги испрати Игуменот Фотиј од Осоговскиот манастир и богословот Дамјан Трпковски.